Само позитивни работи се случуваат денес меѓу Бугарија и Македонија, коментираше Зоран Заев во интервју на Николај Крстев за емисијата „Светот е бизнис“ за Bloomberg TV Bulgaria.

Речиси 12 отсто се зголеми трговијата меѓу Скопје и Софија, рече премиерот Заев.

„Има многу бугарски инвеститори кои веќе инвестираат во Република Македонија или преговараат за инвестиции. Исто така, се случува и спротивното спротивното – неколку македонски бизнисмени инвестираат во Бугарија, а тоа оззначува работни места за граѓаните на двете земји. Јас сум еден од покровителите и гарантите на концертите One love, наесен тие ќе завршат, но гледаме и доста театарски претстави од Бугарија, кои се играат во македонските театри „.

Според неговите зборови, спортските тимови веќе прават заеднички турнири и општините заеднички организации.

„Среќен сум што живеам во време на блескави односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Тие ќе растат и ќе се развиваат, а ние, политичарите, само ќе останеме да им служиме. Се започна по потпишувањето на договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија, кој делуваше стимулативно како кај мене, така и кај премиерот Ципрас да почнеме да работиме за постигнување на договор со Грција. Потоа дојде датум за почеток на преговорите со ЕУ. На 11 и 12 јули очекуваме покана од НАТО да станеме членка на Алијансата. Ова е историски момент за Република Македонија „.

Заев истакна дека 80 отсто од граѓаните на Република Македонија се за влез на нивната земја во Алијансата и над 75 отсто се за полноправно членство во ЕУ.

„По 27 години, Македонија е на пат да ги исполни своите 30-годишни надежи и очекувања. Јас сум среќен што сите докажавме дека Балканот не е повеќе буре со барут, како што бевме навикнати, а дека регионот ни е европски и убаво место во кое младите да останат да живеат во своите земји. Покажавме дека на пријателски начин може да се најдат решенија за чувствителни прашања како што беше меѓу Македонија и Бугарија, така и меѓу Македонија и Грција „.

Македонскиот премиер рече дека ако претседателот Ѓорге Иванов и втор пат одлучи да не го потпише договорот меѓу Македонија и Грција, тогаш ќе се одржи референдум за кој е јасно дека ќе се одржи или на крајот на септември или во почетокот на октомври оваа година.

Целото интервjу со премиерот Зоран Заев може да го погледнете тука.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO