Ја поздравуваме одлуката од самитот на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата – решавачкиот чекор кон нејзината евроатлантска припадност, се посочува во соопштение на бугарското МНР: „Ја поддржуваме одлучноста на Владата во Скопје да продолжи со примена на реформите и со зацврстување на добрососедските односи“.

„Од наша страна ќе продолжиме да ја даваме неопходната поддршка во духот на нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишавме во 2017 година, и додава дека „постигнатиот напредок го гледаме и како успех на нашата активна политика за европска и евроатлантска иднина на целиот регион – успешно реализиран приоритет во рамките на штотуку завршеното бугарско претседателство со Советот на ЕУ“.

 Поканата кон Република Македонија е јасна потврда дека политиката на „отворени врати” на Алијансата останува актуелна и придонесува за сигурноста и стабилноста во евроатлантскиот простор, наведуват од МнВР на Бугариjа.
ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO