Американскиот претседател Доналд Трамп започна гневен напад против Германија на почетокот на самитот на НАТО во Брисел, велејќи дека „несоодветната“ зделка за гас со Москва го претворила Берлин во „заробеник“ на Русија.

Трамп го фати неподготвен шефот на НАТО Јенс Столтентенберг, напуштајќи ја учтивата формалност на појадок и повторно упатил остри зборови кон Берлин и други сојузници дека не си плаќаат за патувањето.

„Германија е заробеник на Русија, бидејќи добива толку многу енергија од Русија“, изјави Трамп, мислејќи на зделката на Берлин за гасоводот „Северен поток-2“.

„Сите зборуваат за тоа од целиот свет, тие велат, дека ви плаќаме милијарди долари, за да ве заштитиме, но вие и плаќате на Русија милијарди долари.“

Трамп додаде дека „Германија е целосно контролирана од Русија“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO