Во Брисел почнува годишниот собир на шефови на држави или влади на 29 земји членки на Алијансата. Денеска ќе има обраќање на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Безбедносната конференција е под насловот: „НАТО се ангажира: Дијалог на Бриселскиот самит“.

На овој самит, како што најави и генералниот секретар Столтенберг, сојузниците ќе ја повикаат Македонија да ги започне разговорите за пристап.

„Откако ќе биде финализиран и имплементиран историскиот договор за прашањето за името, НАТО ќе може да ја покани поранешната југословенска Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО под новото име: Република Северна Македонија“, рече Столтенберг на вчерашната прес конференција во Брисел.

Според новинските агенции развојот на самитот е неизвесен со оглед на се почестите предупредувања на американскиот претседател Доналд Трамп членките на НАТО да си ги исполнат финансиските обврски кон Алијансата.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO