Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека ќе реагира на протерувањето на двајца руски дипломати од Грција, објави руската новинска агенција Интерфакс.

Грција ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез на уште двајца за активности што не се во согласност со нивниот статус, објави претходно денеска грчкиот весник Катимерини. Според весникот, Атина го презела овој потег откако ги почувствувала обидите на руските дипломати да го поткопаат Договорот со Македонија, за спорот околу името.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO