Лидерот на грчката опозициска партија „Нова демократија“ Кирјакос Мицотакис ја обвини коалициската влада дека се откажала од „најсилниот адут“ на Грција во спорот за името со Македонија, со тоа што се согласила да се откаже од забелешките на на Атина кон членствотото на оваа балканска земја во НАТО, соопштуваат грчките медиуми.

Официјално, оваа недела Македонија се очекува да биде поканета од НАТО за членство во Алијансата. Но таа ќе стане член само ако прифати ново име – Република Северна Македонија – што веќе беше договорено по принцип со Грција, но сеуште не е поддржано од нејзиниот народ.

„Пред три недели во Преспа, [премиерот Алексис] Ципрас и [министерот за одбрана Панос] Каменос ги признаа наводната македонска етничка припадност и јазик. Тоа се случи и покрај целосното противење – би рекол протест – на народот“, рече Мицотакис.

„Во тоа време ние водевме битка во парламентот, за да го спречиме овој развој, предупредувајќи за негативните последици кои би ги имало – всушност многу наскоро“, рече тој.

„Денес во Брисел, Ципрас и Каменос и ја покажуваат на соседната држава Скопје вратата на членството во НАТО. На тој начин тие се откажуваат од најсилниот адут за преговори на Грција, кој бил официјалната линија на политиката над 27 години“, изјави лидерот на Нова демократија.

„Ципрас и Каменос се главно одговорни за свршениот чин. Тие наскоро ќе бидат судени и од грчкиот народ.“

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO