Проектот за завршниот документ на самитот на НАТО предвидува дека Македонија добива денес покана за почеток на преговори за членство во Алијансата и пристапување по завршувањето на сите внатрешни процедури.

„Во 2008 година решивме дека НАТО ќе и даде на Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) покана за влез во Алијансата, откако се најде взаемно прифатлив договор за името во рамките на ОН. Го поздравуваме историскиот договор меѓу Атина и Скопје за решение на спорот за името. во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме владата во Скопје да ги почне преговорите со Алијансата. Целосното спроведување на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решавање на името е услов за успешно завршување на процесот на пристапување „, се вели во нацрт-документот.

Исто така, го поздравува потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

„Ги поздравуваме напорите на Владата во изминатата година и значителниот напредо, кој е постигнатк за некои итни приоритети за реформи и охрабруваме дополнителни реформи, за да се зајакне придонесот кон Алијансата“, ќе гласи заклучниот документ.

НАТО, исто така, ги поздравува напорите за изградба на мултиетничко општество и повикува на понатамошни напори во оваа област. НАТО го поздравува и придонесот на Македонија во мисиите на пактот и за меѓународната безбедност.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO