Селекторот на Хрватска Златко Далиќ упати сериозни пофалби кон капитенот на тимот Лука Модриќ и неговото претставување на Светското првенство во Русија. Вечерва „коцкестите“ се соочиваат против Англија во меч за место во финалето, при што токму од Модриќ се очекува да ги поведе своите соиграчи кон најголемиот фудбалски успех во целата историја на земјата.

„Тој ја покажа својата огромна класа сите овие години. Кога го гледате да спринтува во 115-тата минута, за да ја одземе топката, може да ја разберете огромната желба, со која игра. На тој начин тој дава пример за останатите играчи во тимот. На клубско ниво, Лука направи сé што е можно, но сеуште не го направил тоа со националниот тим. Според мое мислење, тој во моментов го игра најдобриот фудбал во својата кариера „, рече Далиќ.

Полуфиналето меѓу Хрватска и Англија е вечерва од 20.00 часот по македонско време на стадионот „Лужники“ во Москва.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO