Како што Татковина веќе соопшти, грчката влада одлучи да протера дваjца руски дипломати од земjата.

Како причина за одлуката, Атина наведува дека руските дипломати се обиделе да поткупат грчките државни службеници за да предадат одредени информации. Покрај тоа, Русите се обиделе да влијаат на преговорите меѓу Грција и Македонија, како и да „влезат“ во Грчката патријаршија преку „финансиска корист“ со цел да се воспостави посериозно руско влијание на Света Гора. Атина го разгледува обидот за вмешување во преговорите за името на Македонија како „обид да се повлијае негативно врз улогата на Грција на Балканот“.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO