Грчката влада одлучи да прогони двајца руски дипломати и да го забрани влезот на двајца други во земјата. Решението е диктирано од тоа дека според Атина претставниците на Москва се мешаат во внатрешните работи на Грција и дејствуваат илегално против грчката национална безбедност, објави в. „Катимерини“.

Атина ги обвинува руските дипломати во обид за стекнување на информации и обиди за поткуп на грчки државни службеници, кои не успеале.

Според „Катимерини“ во последните две години тензиите меѓу Атина и Москва растат поради поврзани со регионалната безбедност причини.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO