Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо веќе е фудбалер на Јувентус, откако италијанските шампиони платиле  119 милиони евра на Кралскиот клуб за Португалецот, соопштува Sky Sports.

За евентуалниот трансфер помеѓу двата тима се зборува веќе неколку недели, но според весникот тој веќе е факт, а малку подоцна денеска официјално ќе биде потврден и од двата клуба. Првично се очекуваше дека „бјанконерите“ ќе треба да платат околу 100 милиони евра за петкратниот носител на Златната топка, но на крајот тие се согласиле на бараниот износ од Реал и ќе треба да извадат 119 милиони. Сеуште не се јасни деталите околу договорот на Роналдо со Јувентус, но според различни медиуми тој ќе потпише договор до 2022-ра година и ќе добива по 30 милиони евра годишно.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO