Околу 10 000 британски фанови ќе го посетат утрешниот дуел помеѓу Англија и Хрватска од 1/2 финалето на Мундијалот во Москва, соопштија од Фудбалската асоцијација на Англија. На ова светско првенство досега присуствуваа најмногу 3.000 обожаватели од Велика Британија.

Пред почетокот на Мундијалот во британските медиуми изобилуваа материјали за тоа колку страшно ќе биде за навивачите во Русија и поради таа причина илјади Англичани се откажаа од идејата да ги поддржат своите миленици на шампионатот на планетата. Меѓутоа, ʺТрите лавовиʺ, за првпат се пласираа во полуфиналето после 28 години. Заменик-началникот на лондонската полиција Марк Робертс во истото ги повика оние фанови кои се во Англија и ги гледаат натпреварите организирано на големи екрани, да не прават повеќе нереди за време на Светското. По победата на Англија над Шведска (2: 0) во 1/4 финалето хулигани нанесоа штета на продавници и институции и ги блокираа патишта. Повеќе од 70 лица беа уапсени. „Многу патишта низ целата земја беа блокирани. Затоа амбулантните и противпожарните возила не успеаја да ја завршат својата работа навреме. Ваквото однесување драстично се разликува од она што го демонстрираат англиските фанови во Русија. Таму, со исклучок на неколку мали инциденти, сè поминува чудесно“, коментира Робертс.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO