Земјите-членки на НАТО ќе ја објават поканата кон Македонија за членство во Пактот на средбата на врвот на Алијансата во Брисел. Ова го најави генералниот секретар на Пактот Јенс Столтенберг на прес-конференцијата еден ден пред самитот.

„Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена, изјави Столтенберг, јави диписничката на МИА од Брисел.“, изjави тоj на денешната прес-конференција.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO