Поранешниот број 1 во светот Новак Ѓоковиќ претрпе сериозна критика во својата родна Србија откако ја објави својата поддршка за Хрватска на Светското првенство. Србите отпаднаа уште во групната фаза на Мундијалот, а пред неколку дена Ѓоковиќ, кој во моментов игра на Вимблдон, изјави дека се надева Хрватска да го освои трофејот.

„Ја поддржувам Хрватска. Знам кој тим сакам да го видам да го дигне трофејот“, изјави Џоковиќ, кој вчера си обезбеди место во четвртфиналето на Ол Ингланд Клаб. Неговите зборови предизвикаа остра реакција во Србија, откако член на владејачката партија на Александар Вучиќ – Владимир Ѓукановиќ го нарече Ѓоковиќ идиот. Ѓукановиќ во моментов е на одмор во Грција, но тоа не му попречи да ја критикува тениската ѕвезда, публикувајќи видео во Инстаграм. „Само идиоти би ја поддржувале Хрватска. Не ли ти е срам, Новак? Сите кои ја поддржуваат Хрватска, се психопати или луди и треба да бидат затворени во лудница. Ѓоковиќ е национален херој и јас му благодарам, но како не му е срам ја поддржува Хрватска. Толку многу Срби од Краина те поддржуваат, а ти ја поддржуваш земјата што ги истера „, рече Ѓукановиќ.

Истовремено, српскиот претседател Александар Вучиќ не ја криеше својата поддршка за Русија во четвртфиналниот меч со Хрватска. „Тоа е мое право, Србија е демократска земја, и секој може да го поддржи кого што сака“, рече Вучиќ.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO