Сите 12 деца и нивниот тренер се извлечени и спасени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени повеќе од две недели, објави агенција Ројтерс. Последен бил извлечен тренерот на момчињата, а трите деца кои беа спасени пред него биле итно пренесени со хеликоптер во ​болница во градот Чианг Раи.

И покрај лошите предвидувања дека извлекувањето на децата од фудбалскиот тим заедно со нивниот тренер може да потрае со месеци, сепак спасувачката акција траеше вкупно три дена.

Пред неколку дена загина еден од спасувачите додека им доставуваше боци со кислород на заробените деца.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO