Високи дипломатски извори во НАТО велат дека не се очекуваат никакви блокади за издавањето на поканата за Македонија на утрешниот Самит. Кон крајот на јуни, Њујорк Тајмс објави информација според која американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја блокира поканата за НАТО за Македонија поради односите со неговиот руски колега Владимир Путин. Денеска високи дипломатски извори велат дека нема никаква индикација за такво нешто. „Ниту еднаш немало никаква индикација дека Вашингтон би го сменил пристапот за да си ги подобри односите со Русија“, категорични се дипломатите во НАТО, пренесува МИА.

Американската амбасадорка во НАТО денеска самата потврди дека САД сака да ја види Македонија членка на НАТО, но порача дека е неопходно за тоа граѓаните да го потврдат Договорот со Грција на референдум.

Од НАТО, исто така, велат дека не гледаат како би можела Македонија да стане членка на НАТО доколку пропадне референдумот.  Земјите членки утре ќе се согласат да и ја издадат на Македонија поканата за да ги започне процедурите за зачленување.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO