Поранешниот селектор на Англија, Фабио Капело го посочи тимот на Герет Саутгејт како фаворит за титулата на Светското првенство во Русија. Во полуфиналето „трите лава“ ќе играат со Хрватска, а ривали во другото полуфинале денес се Франција и Белгија.

„Англичаните имаат брзи играчи и одличен тренер. Саутгејт разбра дека ќе си отиде дома, ако игра со двајца централни дефанзивци и придаде трет. Тој конечно најде и голман, способен да го спаси тимот во потребниот момент. Пикфорд се одликува со одлично позиционирање и одлична реакција. Финалето? Мислам дека ќе биде меѓу Франција и Англија и во таков случај Англичаните ќе бидат фаворити „, рече Капело, цитиран од Gazzetta dello Sport.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO