Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави составот на новата влада од 16 министри.

Клучниот ресор за финансии му го довери на неговиот зет Берат Албајрак, а го задржа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

40 годишниот Албајрак е оженет за постарата ќерка на Ердоган, Есра и од 2015 година је има функцијата министер за енергетика.

Нов министер за одбрана е досегашниот началник на Генералштабот Халсуи Акар.

Ердоган вчера положи заклетва за новиот петгодишен мандат со проширени овластувања во согласност со минатогодишниот референдум.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO