1913 година умира Васил Чекаларов (1874 – 1913). Чекаларов е основен војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација  во Костурско. Роден е во 1874 година во костурското село Смрдеш, тогаш во Отоманската империја (денес Кристалопиги, Грција). Работел неколку години во Бугарија, менувајќи различни занаети – чевларство, каменоделство, ѕидарство. Станува член на ВМОРО во 1901 и во 1902 година на двапати заминува во Грција и создава канали за купување оружје од Лариса и Атина. Раководител е на Костурското горско началство заедно со Лазар Поп-Трајков, во јули 1902 година На Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО од април-мај 1903 година е претставник на Костурско.

За време на Илинденско-преображенското востание во август 1903 година, тој е раководител на организацијта во Костурско. По востанието со Пандо Кљашев заминува во Грција и преку Фиуме пристигнува во Бугарија. Учествува на зимските заседанија на раководството на ВМОРО во Софија. Делегат е на Конгресот на ВМОРО во Ќустендил во 1908 година

За време на Балканската војна (1912 – 1913) тој е на чело на чета, која дејствувала во тилот на турската војска. За време на Меѓусојузничката војна, тој организира голема чета која да навлезе во Костур, длабоко во тилот на грчките единици. Убиен е во битка со грчки војски во близина на селото Бел Камен (денешен Дросопиги). Неговата глава е пресечена и е разнесувана по улиците на Лерин.

Со оглед на актуелните политички и историски манипулации во врска со ВМРО и костурскиот војвода Васил Чекаларов  секои пропратени со безуманта антиквизација во Македонија, ТАТКОВИНА во оригинал публикува дел од дневникот на Чекаларов од 29 декември 1902 година кој тогаш се наоѓа во Лабница:

Макар и да бяхме казали да бъдем тайничко, но всички ни узнаха даже и гъркоманския поп Герман, поиска да доди при нас. Позволихме му и доде. Тоя брат дотам се е погърчил, щото почна да ни говори една българска две гърцки. Подигнахме въпроса за народността му, той се помъчи всячески да ни докаже, че ние сме гърци! Като не можа да изложи факти, които му поискахме, почна да развива историята за великия Александър Македонски, че не сме нито гърци, нито българи, а сме македонци, без да помисли, че во Македония има и турци и евреи и от много други нации. Човек, който не разбира от история и да почни да ти проповедва со нея, това е много смешно! Ние не искахме да влизаме в повече разпри с него и затова го зарезахме.“

Во продолжение може да jа погледнете паметната плоча поставена од анонимни патриоти на лобното место на Васил Чекаларов

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO