Хрватската фудбалска легенда Давор Шукер направи интересна изјава за претстојниот ривал на „коцкестите“ на Светското првенство во Русија – Англија. Според носителот на бронзен медал од Франција 98, англичаните имале среќа во четвртфиналниот натпревар со Колумбија, добиен по исполнувањето на пенали.

„Го гледав двобојот меѓу Англија и Колумбија и дефинитивно имавте среќа“, изјави Шукер пред британскиот весник „Дејли Мирор“. Колумбијците двапати можеа да поведат при изведувањето на пеналите, но вие имавте среќа. Треба меѓутоа да одбележам дека видов една смела Англија, која одигра многу напаѓачки и тоа дефинитивно ми се допаѓа „, додаде претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Англија и Хрватска ќе се соочат во полуфиналето на 11 јули на ʺЛужникиʺ во Москва.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO