Пари Сен Жермен може да постави нов трансферен рекорд, ако плати 270 милиони евра за играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Коутињо, соопшти Ел Мундо Депортиво.

Каталонскиот весник тврди дека претставниците на ПСЖ досега не контактирале со Бразилецот, но ја понудиле споменатата сум на еден од неговите агенти и тој го известил шпанскиот клуб за понудата.

Раководителите на парижаните се цврсто решени да го задржат Нејмар во тимот, кој е посакуван од Реал. Французите беа убедени дека со привлекувањето на Коутињо ќе се олесни оваа задача и Нејмар ќе се откаже од идејата за промена на својата клубска припадност. Договорот на Коутињо со Барселона е до јуни 2023 година. На Светскиот шампионат во Русија, бразилскиот тим стигна до 1/4 финалето и беше елиминиран од Белгија. Во летото 2017 година, претставниците на Нејмар ја искористија можноста во договорот со Барселона и ги откупија неговите права за 222 милиони евра, по што напаѓачот се префрли во ПСЖ како слободен агент.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO