Поранешниот тренер на Барселона Луис Енрике ќе биде селектор на Шпанија. Тој ќе го замени Фернандо Јеро, кој ја предводеше Ла Фуриа на Светското првенство во Русија.

Веста за назначувањето на Енрике беше потврдена од претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз Луис Рубиалес. „Донесовме едногласна одлука Луис Енрике да биде селектор на Шпанија во наредните 2 години“, објави Рубиалес.

ТАТКОВИНА потсетува дека во пресрет на Светското првенство во Русија Шпанија остана без тренер откако Хулен Лопегети беше отпуштен поради јавно објавување на неговото заминување во Реал Мадрид по крајот на Мундијалот. Спортскиот директор на федерацијата Фернандо Јеро застана привремено на функцијата, но под негово раководство Шпанија отпадна во 1/8 финалето на турнирот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO