Разгневени навивачи го нападнаа автобусот со бразилските репрезентативци во нивната татковина со јајца, камења и зеленчук.Кадри од „земјата на кафето“ покажаа како десетици навивачи го опсипуваат возилото со фудбалерите на Селесао со најразлични предмети, а полицајци се обидуваат да ги смират.

Бразилските медиуми објавија дека ниту еден од играчите и функционерите во автобусот не биле повредени во нападот. Навивачите скандираа навредливи слогани претежно против Фернандињо кој си постигна автогол во дуелот против Белгија од 1/4 финалето (1: 2). Во социјалните мрежи, Фернандињо добил и смртни закани.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO