Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС) традиционално и оваа година на 21 јули (сабота) од 17:30 часот ќе организира чествување по повод 115 годишнината од Илинденско-Преображенското востание. Мотото на овогодинешното чествување во духот на потпишаниот договор за добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија ќе биде ʺЗаедничкото минато обединува”.

Со цел заедничко чествување на дати од заедничката историја на Република Македонија и Република Бугарија, БККС испрати покани до високи политички претставници и на двете земји.

Покани се испратени до премиерите и претседателите на двете земји, Зоран Заев, Бојко Борисов, Румен Радев и Ѓорге Иванов.

Меѓу другите, Бугарскиот Културен Клуб-Скопје упати покани и до: бугарските европратеници Ангел Џамбазки, Андреј Ковачев и Сергеј Станишев, до министрите за надворешни работи Никола Димитров и Екатерина Захариева, потпретседателот на Бугарија Илијана Јотова, министерот на одбраната на Бугарија Красимир Каракачанов, координаторите на сите парламентарни групи во парламентите и на двете земји, претседателот на собранието на Македонија Талат Џафери, потомци на војводи и преродбеници од Македонија и други.

Во поканите од БККС до официјалните политички претставници на Македонија и Бугарија се наведува:

ʺВашето присуство ќе биде високо одценето и ќе претставува значаен придонес во благородната кауза за развој на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија и за зачувување назаедничкото  културно историско наследство.

Се надеваме дека настанот ќе биде еден од првите чекори за практична реализација на договорот за добрососедски односи меѓу Република Македониjа и Република Бугариja, кој беше потпишан на 2 август оваа година. ʺ

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO