На кој Дарко Митревски да му веруваме? На оној кој во поредица од статии наречени „Нашиот голем фалсификат“ во Нова Македонија, изложува позиција, под која би се потпишал секој искрен историчар или политиколог: „ Да победеле комитите во Илинденското востание, денес немало да има посебна македонска нација и држава – бидејќи планот на илинденците бил преку првичната автономија да се дојде до обединувањето на Македонија со Бугарија. (…) Македонците, кои до 20 век не постоеле како посебен етнос – денес се одделна нација“.

Или да му веруваме на оној Дарко Митревски, кој во својата „Емотивна порака до секој Северномакедонец“ од 4 јули 2018 година, емотивно се обjавува против Договорот со Грција?

Митревски се восхитува од заклетвата што учениците во Америка ја даваат редовно пред американското знаме и пред сите идеали што ова знаме ги симболизира. Посакува истото да се прави и во Македонија.

Досега, сè е прекрасно.

Дарко Митревски е убеден дека Македонија претрпела голем пораз кога го сменила своето знаме.

Но, од која промена на знамето тој е огорчен?

Дали е „огорчен“ од промената извршена во 1944, кога е прифатено чисто идеолошкото црвено знаме со петокрака? Со сигурност не, затоа што го цитира со восхит од „социјалистичкиот“ поет Коста Абраш „Црвена е крвта во нас што тлее, црвено е знамето над нас што се вее“. Абраш кој пишува главно на српски е прогласен за првиот пролетерски поет и најверојатно го имал во предвид црвеното знаме на работничката класа, не на Македонија. Митревски очигледно не е огорчен од тоа дека по Втората светска војна, комбинација од симболите на комунистичката партија биле претставени како знаме на Народната Република. Всушност тој се стреми да го скрие или барем да омаловажи овој клучен момент од бурната историја на македонскиот идентитет. Не случајно во филмот Трето полувреме на секаков начин го избегнува идеолошкиот карактер на борбата на партизаните и се обидува да ја претстави како „народноослободителна“. Не случајно добива критики, дека во филмот партизаните не носат петокраки на титовките.

И покрај тоа што во писанијата за големиот фалсификат, Митровски е огорчен од „антиквизацијата“, од „Емотивната порака“ не изгледа дека тој е огорчен од бесмисленото приваќање на ѕвездата од Кутлеш (Виргина) за национално знаме во 1992 година Поскоро е огорчен на нејзиното отстранување во 1995 година.

Откако ја изразува својата емоционална приврзаност кон црвеното знаме, Митрески раскажува приказни за момите кои според него го шиеле знамето на Крушовската република и пееле гордо: „Jас го сошив знамето и му турив знакот „Смрт или Слобода“ʺ.

Режисерот може и да не знае дека оваа песна е од Македонија, но датира многу пред Илинден 1903. Во неа се пее за Рајна поп Георгиева, која останала во бугарската историографија како Рајна Кнегиња ! Таа е од Панаѓуриште – денешна централна Бугарија и го ушива знамето за Априлското востание во 1876 година

Но, кога зборува за хероите кои загинале до еден на Мечкин камен, останувајќи верни на слоганот на знамето, Митревски со сигурност знае дека на знамето бил извезан златниот лав и слоганот бил „Свобода или смърть“. Тој од една страна се восхитува од американската химна, напишана за време на војната со Велика Британија од 1812 година: „Кажи, дали испрсканото со ѕвезди знаме уште се вее над земјата на слободните и домот на храбрите“. Но нема сожалување дека знамето со лавот и со натписот на литературен бугарски јазик одамна не се вее над македонското небо, и покрај тоа што под тоа знаме и под тој слоган загинале безброј јунаци!

Како да си го објасниме сето тоа ? На Митревски не му пречи отстранетиот лав од националната симболика. Не му пречи што се сменети и јазикот и азбуката ! Но, не ја прифаќа додавката „Северна“ во името на државата!

Од поредицата написи во „Нова Македонија“ станува јасно дека Дарко Митревски не верува на „Големиот фалсификат“, но истовремено го боли дека младата (по негови признанија) македонска нација наместо да победува, трпи порази. Но, ако наместо да се фрла во емоционални ерупции, ги посвети своите напори на изградбата на еден современ македонски идентитет кој не ги негира историските вистини и не шири омраза против соседните земји, особено кон Бугарија, Дарко Митревски можеби ќе и помогне на земјата во која е роден (и во која неговиот син вероjатно никогаш нема да живее) да започне да победува. Бидејќи, како што знаат сите воени стратези, има битки кои претходно се изгубени и затоа не треба да се започнуваат !

–––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO