На 11 и 12 јули оваа година во Брисел ќе се одржи поредниот Самит на врвот на НАТО  . Се очекува Македонија да биде поканета да стане 30-та членка на Алијансата. Бугарија има огромен интерес тоа да се случи. Но, дали ли ќе биде Македонија наш искрен сојузник?

По се изгледа дека и до тој датум, гробот на полковникот Каварналиев кај Доjран ќе си стои осквернавен. Ништо каj црквата во Штипско Ново Село нема да покажува дека таму е погребан легендарниот војвода Христо Чернопеев. Пред влезот на црквата „Благовештение Богородично“ во Прилеп, нема да има и знак дека таму нашол вечен покоj храбриот полковник Стефан Илиев. Мала е веројатноста дека гробот на војводата Тома Давидов во близина на Охрид ќе биде возобновен. Списокот е долг, но барем овие четири гробови можеа да бидат обновени и уважени во првата година по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство.

Бугарската држава со години прави постапки за тоа, но без успех. Секој пат од горна инстанца се добива согласност, но ништо не се случува, божем затоа што имало местни „вознемирени“ граѓани кои гледале на надгробните споменици како симбол на „окупација“.

Можеме ли да бидеме сојузници, со земја која не дозволува возобновување на бугарски гробови и не демонстрира покајание, за тоа дека ги поругала? Треба ли, штом „тивката дипломатија“ не дава плодови Бугарија да удри со тупаница по масата? Или треба да си ги затвориме очите пред сè, само и само Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ, бидејќи тоа е во наш интерес?

Нема лесен и недвосмислен одговор на ова прашање. Бугарија има потреба од исклучително вешта дипломатија.

Македонија не би имала проблем да ги востанови гробовите ако може да ги претстави како „туѓи“. Недалеку од гробот на полковникот Каварналиев стои споменик на загинатите во Првата светска војна ирски војници … Но Македонија не може да ги претстави загинатите бугарски херои како туѓи, бидејќи кога тие загинале биле доживувани од предците на денешните Македонци како свои. Христо Чернопеев е македонски војвода, учесник во амблематичната за македонската историографија афера „Мис Стоун“, и покрај тоа што е роден во селото Дерманци, крај Луковит (Северна Бугариjа). Тома Давидов е македонска војвода … од Ловеч (Исто во Северна Бугариjа).

Полковникот Каварналиев загинува заштитувајќи ги илјадниците бегалци од Егејска Македонија, кои бегале кон, а не од бугарската армија претставена од македонската историографија како окупатор. Кога полковник Илиев загинува херојски крај „Црвената стена“, тој е оплачен од илјадници прилепчани и е погребан како свој, на видно место пред главната црква на градот.

Мнозинството од современите Македонци одбиваат да ги прифатат не само родените во Бугарија, но кои загинале за слободата како херои. Тие не ги прифаќаат за такви и многу од нивните директни претци.

На 1 јули, крај Штип се спроведе чествување на 105-годишнината од Битката кај Брегалница. Во оваа битка меѓу Бугари и Срби, како и во битката каj Калиманци што следела, херојски се борело и Македонското ополчение. Кај Брегалница србите ги потиснуваат бугарите, но кај Калиманци тие се запрени и не успеваат да се поврзат со грчката армија која настапувала по долината на реката Струма. Таму Македонското ополчение го уништува Црногорскиот корпус. На овогодинешното чествување присуствуваше српскиот амбасадор . Градоначалникот на Штип Благој Бочварски изјави: дека оваа битка треба да служи како поука за тоа како народите на Балканот не треба да се однесуваат. „Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности“.

Прекрасни зборови … но чествувањето не беше претставено како помирување меѓу народи, чии предци се бореле еден против друг! Спомен плочата, на која беа поставени цвеќиња, не ја раскажува историjата на битката, туку дава идеолошки наратив на судбината на еден стар српски споменик. Пишува дека таму некогаш имало српски воен споменик коjшто бил уништен од „бугарските фашистички окупатори“. Преку спомен плочата македонските власти го повикуваат општеството да се идентификува не со Македонското ополчение од Балканските војни и Првата светска војна, кое се борело рамо до рамо со Бугарската војска, а со Титовите партизани од Втората светска војна, кои наводно се бореле херојски против злите „бугарски фашистички окупатори „.

Објективно погледнато, Македонското ополчение во тие војни било сенародно. Само изолирани србомани и гркомани биле против него. Титовите партизани од своја страна го разделувале жестоко народот! Нивни жртви стануваат братот на Никола Карев и синовите на Питу Гули.

Како и зошто се случило вакво „обрнување“ на колективната памет?

Тажната вистина е дека беспримерното херојство на Македонското ополчение и на безбројните бугарски војници не доведува до ослободување на Македонија. Војните завршуваат со пораз. Бугарската кауза започнува да се доживува како „кауза пердута“. Од своја страна, иако Титовите партизани да наметнуваат крвав режим, но по 1948 година, додека Бугарија тоне во Советскиот блок, Тито успешно ја вади Македонија од него. Истражување на македонскиот весник Дневник од мај 2012 година наведува дека 80% од граѓаните на Република Македонија, независно од нивната етничка или верска припадност велат дека живееле подобро во времето на комунистичка Југославија, отколку во независна Македонија. Некогашната претстава за Бугарија како „своја“ и за Србија (подоцна Југославија) ​​како „туѓа“ се обрнува во масовната историска памет. За повеќето денешни Македонци, митот дека откако го победуваат „бугарскиот фашистички окупатор“, Титовите партизани, во рамките на Втора Југославија ја создаваат денешната македонска држава е основа на нивниот мироглед. Збигњев Бжежински е бескрајно во право кога тврди дека историската памет може да е поматена и дури фактолошки погрешна, но е важен дел од историскиот систем на знаење, кој ја определува политичката содржина.

Кај нас нештата не се драстично поразлични. Според истражувачкиот центар „Тренд“ над 40% од Бугарите би живееле во времето на Тодор Живков. Време, во кое немаше Бугарин кој не беше убеден дека кај Тито се живее подобро! Неодамна, БСП дури се обиде да го рехабилитира Георги Димитров. Секако многу од неговите критичари велат дека направил грешка во однос на „Македонското прашање“.

Вистината е дека тој не направил никаква „грешка“. Георги Димитров е советски поданик и враг на Бугарија. Во септември 1944 година, тој го поттикнал Сталин да ја нападне земјата во која е роден. Подоцна, тој бил испратен во склоп на окупаторската армија за да ја советизира Бугарија. Ако си вообразувал дека ќе му биде дозволено да води некаква самостојна политика, тој очигледно бил и многу глупав.

Тито, чиј режим во почетокот бил покрвав и повоинствен дури и од оној во Бугарија успева да излезе од стапицата на Сталин и тоа го прави исклучително популарен во Југославија, вклучително и во Македонија. Но кога релативните слободи и благосостојбата на поданиците се должат на моќта и престижот на еден човек, а не на демократски систем, базиран на владеењето на правото – сè се распаѓа, кога тој човек ќеја напушти историската сцена. Луѓето не секогаш го осознаваат тоа. Не сите бугари сфаќаат дека режимот на струјата и купон-системот од 1990 година се директна последица од режимот на Тодор Живков. Уште помалку луѓе сфаќаат дека крвавите војни во распаѓачката Југославија беа директна последица од начинот на кој Тито ја беше изградил својата империја.

Македонската нација се создава, не затоа што Тито, Сталин и Димитров ја планирале. Таа станува реалност затоа што Бугарија ги губи војните (1913, 1915-18) и е завладеана од Советскиот Сојуз во 1944 година. При овие услови за македонците изградувањето на посебна нација бил единствениот возможен исход.

За жал демократска Бугарија не формулира јасни заклучоци зошто се случиле националните катастрофи, ниту ги презема сите мерки со цел- најстрашната,  катастрофата од септември 1944 никогаш повеќе да не се повтори.

Распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Југославија дадоа шанса на потомците на преродбенските Бугари да го постигнат националниот идеал – пак било да е тоа и како веќе два одделни, но многу блиски народа. Затоа мора да изградиме стратешко сојузништво, целосно интегрирани во структурите на Западниот свет. Но, тоа реално ќе може да се случи дури кога од Советскиот блок и од Југославија ќе останат само лоши спомени.

–––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO