Објавените и можните нови тарифи и ограничувања ќе влијаат врз трговските текови за 2 трилиони долари, предупредуваат рејтинг агенцијата ʺФичʺ.

Воведените за моментов казнени царини се сеуште недоволни за да влијаат значително на прогнозите за растот на светската економија, забележува „Фич“, цитирана од „Ведомости“. Но, ескалацијата на трговските конфликти го зголемува ризикот земјите да преземат нови мерки кои ќе имаат многу поголемо негативно влијание врз нив.

Во пролетта на оваа година САД воведоа 25% царина за увоз на челик и 10% – на алуминиумот, контрамерки на Европската унија, Канада и Мексико стапија во сила минатиот месец.

На 6 јули во САД и Кина ќе влезат во сила 25% царина за продукција на вредност 34 милијарди долари за секоја од двете земји, а потоа ќе бидат зголемени до 50 милијарди долари.

Во јуни, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 20% царина за увозот на автомобили од ЕУ. Исто така американските власти започнаа истрага за да утврдат дали увозот на автомобили и делови за нив не претставува закана за националната безбедност на земјата. Во 2017 година, нивниот увоз во САД достигна 322 милијарди долари, забележува Фич.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO