Секој албански државјанин се раѓа со 3000 евра долг.

Ова го објави поранешниот претседател на Надзорниот одбор на Централната банка, Ардијан Цивици. Во споредба со другите земји во регионот, ние сме најзадолжената земја, рече тој.

Албанија е на листата на проблематични земји, бидејќи долгот не се користи за зајакнување на економијата, туку за пополнување на буџетските приходи. Во моментов, јавниот долг на Албанија изнесува 68,6 отсто од БДП на земјата, што значи 8 милијарди евра. Владата на Еди Рама вети до 2012 година дека долгот ќе падне на 60 отсто од БДП.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO