„Нивниот јазик (уште) се формираше (во) 1948 година, а потоа во педесетите години е признат од ИРЕ која е претходница на Нова демократија. Некои Мицотакиси, Караманлиси, значи истите лица, се согласилe дека нивниот јазик е македонски. Зошто го направиле тоа, зарем не ги разбирале работите? Затоа што грчката дипломатија сакаше тој јазик да го оддели од бугарскиот, затоа што се плашеа да не им се појави на границата некоја Голема Бугарија – изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по време на жестоките спорови, кои го тресат грчкото општество по потпишувањето на договорот со Македонија на Преспанското Езеро. Претходно, во интервју за една грчка телевизија, Коѕијас рече дека кон крајот на 19-от и почетокот на 20-тиот век грчката дипломатија ја бранеше тезата дека јазикот на „ова население“ е македонски за да го оддели од Бугарите „.

Со тоа беа симнати сите маски. Вековната политика на Србија и на Грција била, да добијат заедничка граница, и покрај тоа што нивните народи не се соседни ,. Оние Бугари, кои не можат да бидат посрбени и погрчени, да бидат барем дебугаризирани. За ваква дрска операција било потребно силно оружје. Тоа било најдено во славното, библиско име Македонија. Само што се покажа дека Србија и Грција требаше да платат прескапа цена за оваа операција.

Конечно Србија мораше да го изгуби дел од „нејзианата меѓународно призната територија“, а Грција „интелектуалната сопственост“ на дел од нејзиното античкото наследство.

Србија за да добие заедничка граница со Грција мораше два пати да војува со Бугарија – во Втората балканска војна и во Првата светска војна. Иако и во двете војни таа се окажа  на страната на победниците, цената што Србија мораше да ја беше колосална! Над 1/3 од машката популација беше убиена, а придобивките се покажа дека не се трајни! Србија не успева да ја асимилира „Вардарската бановина“ и по Втората светска војна е принудена да прифати формирање на „Народна Република Македонија“. Додека е дел од Југославија, оваа отстапка изгледа незначаjна. За разлика од повеќето други југословенски народи, Србите се идентификуваа со цела Југославија, но федерацијата се покажа опасна стапица, кој ја доведе Србите до катастрофа – како што неодамна призна нивниот министер за надворешни работи Дачиќ. Се уште малку Срби се замислуват, дали судбината на нивниот народ немаше да биде подобра ако во 1913 година не беа инсистирале за заедничка граница со Грција и ако не се беа ангажирале со политики на поделба на бугарскиот народ? При алтернативен развој на настаните „Скопље“ и Куманово можеа да се денес неспорно српски градови, а Бугарија да е традиционален сојузник на Србија! Но, историјата не препознава „ако“. Обидот на Србија да добие заедничка граница со Грција заврши со тоа, што по независноста на Македонија и Косово, Србија се врати во близина да границите од пред Првата Балканска војна! Како што се вели: Кој многу сака, и малото го губи!

Грција се справи значително подобро. Поради нејното откажување да ги напушти своите во реоните на Лерин, Воден и Костур, а и поради прекумерната претензија за Солун, Бугарија ги изгуби не само Кукуш, Драма и Кавала, но и Ксанти, Комотини, Дедеагач (Александрополис) и тешко извојуваниот излез на Егејското море. И покрај тоа што во текот на 20-тите Грција прави некои обиди за „македонизација“ на затекнатото на нејзина територија бугарско население, преку таканаречениот „Абецедар“ (Македонски буквар, кој ја користи латинската азбука), официјална Атина се откажува од оваа политика, кога таа станува дел од стратегијата на комунистите за време на Граѓанската војна (1946-1949). Со текот на времето, Грција успеа да го смири регионот и да го асимилира населението до одреден степен. Но сепак, како што признава Коѕијас, Грција ги поддржала напорите на Југославија да ги отцепи духовно и јазично македонците од Бугарија. За време на Студената војна, кога Бугариjа е под советската чизма, на „славјаногласните Елини“ тивко им беше дозволено да демонстрираат некаква идентификација со Македонците, но секаква пројава на бугарски идентитит, без бавење беше сечена во корен.

Оваа политика се сврте против Грција во 90-тите години, кога Македонија, бегајќи од бугарските корени, се обиде да си ја присвои античката македонска историја. Коѕијас денес се обидува да го заштити неговиот договор со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, но многу Грци стравуваат дека светот ќе го асоцира терминот „Македонија“, не со нивната провинција, а со независната држава „Северна Македонија“, чии граѓани ќе се нарекуваат Македонци и чиј јазик ќе се дефинира како македонски. Во новиот дигитален свет „интелектуалната сопственост“ може да се покаже поважна од физичката.

Од дистанца на времето можеме да заклучиме дека интелектуалната агресија која што имала за цел поделба на Бугарите не и донесе ништо на Србија и и излезе скапо на Грција. Но, сепак најголемата цена ја плаќаат оние Македонци кои како резултат на бурната историја одбиваат да прифатат дека нивните предци некогаш биле дел од бугарскиот народ. Ја нема повеќе моќната Југославија, да го заштитува овој измислен историски наратив пред светот. Но на овие луѓе бугарската и светската историографија им звучи навредливо. Прифаќањето на „географска одредница“ кон името на државата им изгледа како елемент од разнебитването на идентитетот. Прифаќањето на албанскиот јазик како службен се прима за знак дека и нивната мала држава не повеќе само нивна. Овие луѓе едноставно не гледаат иднина за својот народ.

Историјата на Балканот достигна нова преломна точка. Или ќе дојде до интеграција на целиот регион во ЕУ и НАТО, или до неговото расцепување и попаѓање во зоните на Русија и Турција. „Европеизацијата“ не Балканот може да се случи само ако во одреден степен се востанови „Балканскиот сојуз“, кој во Балканската војна ги протерал Османлиите од срцето на регионот. Тоа ќе се случи кога Коѕијас, не само што ќе признае дека Грција работела за отцепувањето на Македонците од бугарското едно-национално ткиво, но и ќе се извини за оваа политика. И кога Србија ќе осознае дека нејзините обиди да добие заедничка граница со Грција биле стратегиска грешка со многу трагични последици за земјата.

И не на последно место, европеизација на Балканот ќе се случи кога Зоран Заев и Никола Димитров ќе му објаснат на својот народ дека историјата не била таква каква што ја учеле во училиште, а каква што е опишана во делата на професор Димитар Димитров – таткото на министерот за надворешни работи. (Во своите книги, тој изјави дека Македонците не треба да се срамат од 11-вековното определување како Бугари).

Вакви дејствија на раководители на Грција, Србија и Македонија сеуште би биле крајно непопуларни. Но, денес, кога маските паѓаат, тие се единствениот начин за спасение на Балканот од нови трагични случувања, за децении напред!

––––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO