Се уште нема информации дали Грција испратила писмо до ЕУ и НАТО, со што да ги извести дека се отстранети пречките за Македонија да влезе во НАТО и ЕУ, откако во средата македонското МНР испрати нота на грчкото Министерство дека Договорот за името е успешно ратификуван од македонскиот парламент.

Согласно договорот Грција треба да испрати порака на претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск дека дава поддршка за членство на Македонија во ЕУ. Слична порака треба да биде испратена и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Сè уште не е јасно дали е направено ова.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO