Потпишаниот договор со Грција е капитулантски чин со кој е прифатен ултиматумот на Грција и сто проценти од нивните барања. Тој ја обврзува само Македонија, а не и Грција. Ќе поддржиме референдум, само ако тој е обврзувачки и демократски. Ако биде незадолжителен, партијата нема да го признае како волја на народот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски во интервју за Алсат ТВ.

Тој рече дека не се знае што ќе се случи ако Грција не ги испочитува обврските и рокот во кој тоа треба да го направи, како и тоа дека да се реализира договорот се потребни уставни измени за кои пак треба двотретинско мнозинство.

На прашањето дали е против НАТО и ЕУ, со оглед дека без дововор нема членство во овие организации, тој вели дека не треба да се повлекуваат такви паралели. ВМРО-ДПМНЕ, потенцира, секогаш е за остварување на овие стратешки цели, но не по цена на капитулација. Според него, премиерот и лидер на владејачката СДСМ не може да собере двотретинско мнозинство за импичмент на претседателот.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO