Финиширање на подготовките кои треба да се преточат во договор за соработка на Владата со Мајкрософт, кои беа започнати во Давос оваа година, беше тема на разговор меѓу премиерот Зоран Заев и делегација на компанијата Мајкрософт предводена од Филип Рог, претседател на компанијата за централна и источна Европа.

Премиерот на средбата информирал дека Владата е особено заинтересирана за целосна дигитализација на јавната администрација, како една од целите на Стратегијата за информатичка и компјутерска тегнологија, која за приоритет има побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните, соопшти владината прес служба.

„Во разговорот беше истакнато дека воведувањето на модерна и технолошки напредна инфраструктура, и со соодветно обучена администрација и пријателски дигитални услуги се предност и кога станува збор за привлекување на директни странски инвестиции, како и за приватните компании во земјата, на кои ќе им биде максимално олеснета комуникацијата и извршувањето на работите на инвеститорите низ дигитализираните процедури“, соопшти уште владината прес служби.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO