Грчките власти го ослободија од притвор пратеникот на екстремно десничарската партија Златна зора, Константинос Барбарусис на кој ќе му се суди за повикување на државен удар во земјата.

Тој треба да плати 30 илјади евра, а забрането му излегување од Грција. Барбарусис беше уапсен во понеделникот, три дена откако во парламентот, за време на дебатата за грчко македонскиот договор за името, повика војската да го уапси грчкото раководство. Барбарусис кој остро се противи на владиното решавање на спорот, подоцна ги повлече забелешките. Доколку биде осуден тој може да добие казна од над 20 години затвор. Барбарусис е исфрлен и од неговата партија Златна зора.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO