Највисоката медицинска БГ технологија беше демонстрирана до Европскиот парламент. Дигиталното решение на Checkpoint Cardio, член на Бугарско-Македонскиот Бизнис Клуб ќе стане основа за европската дигитална трансформација во здравството, велат претставниците на ЕП. Зголемената популарност на онлајн системот за следење на пациентите во реално време Check Point Cardio, беше користена како најдобра практика на Конференцијата за дигитални здравствени прашања одржана во Европскиот парламент. Под претседателството на европратеникот Андреј Ковачев и со посебното учество на еврокомесарот Марија Габриел, на иста маса седнаа претставници на Европската комисија, на европски пациентите организации и на дигиталната индустрија во здравството, за да ја планираат иднината на електронското здравство. Европа е најголемиот континент на кој им е потребна далечна дијагностика и грижа поради староста на населението и растот на хроничните заболувања.

Земји како Естонија, Финска и Хрватска, веќе донесоа целосна промена во здравствените системи, рече Тапани Пиха, одговорното лице за прекуграничното здравство во ЕК. Тие почнуваат да инвестираат во превентивен здравствен модел базиран на масовно следење на населението и креирање база на податоци за анализирање и развивање на прогностички модели. 22 од 28 земји на ЕУ веќе работат на слични проекти, вклучувајќи ја и Бугарија. Општо прифатено е дека дигиталната трансформација на здравјето бара од пациентот да биде во центарот на инвестицијата, а не медицинската установа. За таа цел, технологиите слични на Check Point Cardio се целосно во насока на идната европска здравствена заштита.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO