Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните кои по протестот пред Собранието побараа средба со него и побараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки и да им се придружат на демонстрантите пред Парламентот.

Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата, за МИА изјавил дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција.

Според Олумчев, Мицкоски им рекол дека „би било подобро партијата да биде внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки“.

ПРОМО ВИДЕО: СМИЛЕВО 2018
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO