Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето.

„Почитувани сограѓани и туристи, според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот „Полин“ и плажата „Гранико“ е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето.
Од почетокот на летото ова е второ тестирање на езерската вода со сосема исти резултати кои ја истакнуваат нејзината одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.“- објави Градоначалникот на Општина Дојран-Анго Ангов на својата Фејсбук страница каде што се објавени и извештаите во оригинал.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO