Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека утре е историски ден за Македонија, со кој се отвора иднината и е еден голем чекор во насока на затворање на прашање, што е отворено колку што е стара независноста на земјата.

„Имаме сили што се борат за напред, за иднината, имаме сили што се борат за назад, за минатото. Минатото не можеме да го смениме, иднината можеме. Мислам дека тоа е многу голем чин, на некој начин бевме охрабрени од Договорот за пријателство со Бугарија. Ова е нашето последно отворено прашање и на некој начин завршува една фаза на прашалници, на предизвици.

Многу ќе биде важно овој чин да ги отвори вратите и на ЕУ и на НАТО бидејќи меѓудругото, покрај пријателството со Грција, македонските основни мотиви се да се отворат вратите и конечно да излеземе од таа чекална, каде што сме заклучени премногу години“, рече Димитров.

Тој заедно со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева присуствуваше на отворањето на фестивалот „One love tour 2018“ во Градскиот парк во Скопје.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO