Безбедноста на балканскиот регион и сигурното снабдување со сите клучни енергени е заедничка цел на Србија, Унгарија и Бугарија, изјави српскиот министер за енергетика Александар Антиќ, по средбата со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто и бугарската министерка за енергетика Тeменужка Петкова.

На средбата било разговарано за заеднички активности за изградба на дополнителни капацитети за транспорт на гас и можностите за приклучување кон гасоводот „Турски поток“: „Се договоривме во наредниот период да имаме многу посилна координација во смисла на развој на нови енергетски проекти, кои ќе доведат до тоа регионот да биде енергетски постабилен и побезбеден и нашите енергетски национални суверенитети да бидат дефинирани во контекст на меѓусебната соработка“, рече Антиќ.

Силната координација во наредниот период треба да биде дополнителен ветар за брза реализација на нови проекти.

На состанокот станало збор и за заедничкиот проект на Србија и Бугарија за гасна интерконекција Ниш-Софија, додека со унгарската страна било разговарано за „цел спектар на соработка во гасната индустрија“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO