Европската комисија предложи да се зголеми буџетот за процесот на проширување на ЕУ. Предлогот е дел од генералниот план на Комисијата за зголемување на буџетот на Унијата за надворешни работи, вклучувајќи ги и аспектите како хуманитарна помош.

Со новиот буџет претпристапниот инструмент ќе се зголеми за 13% на 14,5 милијарди евра во периодот од 2021 до 2027 година.

Разликата со претходниот инструмент е дека новиот ќе биде фокусиран на главните приоритети на Унијата, како што се владеењето на правото, јавната администрација и економските реформи. Досега инструментот е дефиниран по земја, а не по приоритет.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO