Визната либерализација за граѓаните на Косово ќе се случи оваа година, соопшти косовскиот Парламент. Тања Фајон, пратеничката и известувачка на Европскиот парламент за визниот режим со Косово, го известила претседателот на косовското Собрание Кадри Весели.

Фајон му рекла на Весели дека штом ЕК излезе со позитивен извештај во јуни, таа тоа прашање ќе го стави на дневен ред во Европскиот парламент на почетокот на јули. По ЕК и Европскиот парламент, последен збор за визната либерализација го дава Европскиот совет.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO