Откажувањето на денешната планирана средба од страна на бугарскиот премиер Бојко Борисов, според претседателот Ѓорѓе Иванов претставува „заземање на страна, што не придонесува за конструктивност и соработка“.

„Тоа е негова одлука и негова е одговорноста. Затоа што тој не е само премиер на Бугарија, туку и на земја која претседава со ЕУ. Европската Унија секаде промовира дијалог, конструктивност, отвореност и соработка така што со тој негов гест само зазема страна и не го остварува тоа што е и цел на членување и претседавање со ЕУ“, изјави Иванов.

Претседателот Иванов денеска престојува во официјална посета на Бугарија и имаше средба со неговиот бугарски колега Румен Радев.

Покрај Борисов, планираната средба со Иванов ја откажа и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO