Косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај им честитаат на Атина и Скопје за постигнатиот договор за името на Македонија. „Им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и нивните граѓани“, напиша Тачи на Твитер, со порака дека „обновената можност за влез на Македонија во ЕУ и НАТО му помага и на Косово и на целиот Западен Балкан“. Харадинај, на Твитер оцени дека решавањето на прашањето за името е „одлична вест“. „Им честитам на Заев и Ципрас на визијата и истрајноста. Се надевам дека сите преостанати отворени прашања на Балканот ќе бидат решени со ист конструктивен пристап“, порача косовскиот премиер.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO