Македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ги повикаа претседателот и сите политички фактори во земјата да се обединат околу националните интереси и да го поддржат просперитет на сите граѓани на Република Македонија.

Денес Заев и Димитров имаа средба со претседателот Ѓорге Иванов, на која го претставија Договорот, кој е постигнат со Грција за решавање на спорот за името. „Заев и Димитров имаа конструктивен пристап и направија обид за дебата врз содржината на документот, но претседателот Иванов ја прекина средбата и си замина. Тој одби да разговора за овој историски Договор“, се вели во официјалното соопштение на македонската влада.

„Граѓаните конечно добија шанса да напишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да донесат правилна одлука за иднината на Македонија“, се вели во документот од кабинетот на Зоран Заев.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO