„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавуват дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишуваат договорот во Преспа, најверојатно во сабота, тие ќе одржат протест.

„Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа, онаму каде што се светите останки на Павлос Мелас и на останатите Македономахи што ги дадоа нивните животи за слободата на татковината, соопштуваме дека ќе бидеме таму, десетици илјади за да не дозволиме да се потпише договорот“, соопшти „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, повикувајќи ги граѓаните да им се придружат, а пратениците да си дадат оставка.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO