Делегација на македонската влада денеска ќе престојува во работна посета на Франкфурт.

Во неа ќе земат учество вицепремиерот за економски прашања Кочо Ангушев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски.

Како што соопшти владината прес служба, денеска се предвидени средби на делегацијата со професори и истакнати лекари од универзитетската клиника „Јохан Волфганг Гете“. Целта е да се зајакнат и разгледаат можностите за продлабочување на соработката со оваа реномирана институција за здравство.

Во рамките на работната посета утре ќе се одржат средби со претставници на „Дојче банк“, како и со раководството на неколку успешни германски компании.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO