Расколот не е аргумент да напуштиме еден народ, рекол вселенскиот патријарх Вартоломеј, на литургија по повод чествувањето на празникот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава: „Кога еден од нашите браќа се оквалификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење“, соопшти грчката новинска агенција АНА-МПА. „Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата. Бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок“, рекол Вартоломеј.

Вселенската патријаршија никогаш не останувала настрана во ситуации кои го нарушуваат нормалното функционирање на православната црква, рекол вселенскиот патријарх и повикал на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство, цитирајќи дел од посланието на апостолот Павле до Коринтјаните дека „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се радува еден орган, се радуваат сите“.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO