Игуменот на Бигорскиот манастир во Македонија – архимандрит Партениј, е еден од 50-те добитници на Граѓанската награда на Европскиот парламент за 2018 година. Тој беше номиниран од европратеникот од ЕНП / ГЕРБ Андреј Ковачев. Во мотивите за номинацијата Андреј Ковачев наведува дека во општествената дејност како игумен на Бигорскиот манастир, отец Партениј промовира меѓусебно разбирање, надминување на внатрешните поделби меѓу граѓаните на Македонија, како и подобрата интеграција со граѓаните на соседните држави.

„Ја издигнав кандидатурата на архимандрит Партениј, не само поради неговата постојана поддршка за надминување на негативните добрососедски односи на Балканот, туку особено поради неговата активна дејност во однос на потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Тој и монашкото братство на Бигорски манастир ги поддржаа и благословија напорите на двете земји да ги надминат политичките разлики, трупани со години. Номинацијата беше првично одобрена од бугарското жири со поддршка на моите колеги Асим Адемов, Ангел Джамбазки и Илхан Ќучук, а потоа одобрена од заедничкото европско жири“, изјави Андреј Ковачев.

Архимандритот Партениј е познат по својата почит кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и национална припадност. Тој го претвори Бигорскиот манастир во вистински центар на духовниот живот, познат не само во Македонија, туку и надвор од земјата. Архимандритот Партениј се занимава со хуманитарна дејност и наведување на духовна и материјална поддршка на поединци и цели. Особено е значајна мисијата на архимандрит Партениј за лекување и ресоцијализација на лица, претежно млади, кои се соочуваат со проблеми како наркоманија, алкохолизам и други. Илјадници млади под духовната заштита на отец Партениј, не само што успеале да се ослободат од овие зависности, но и да се интегрираат назад во општеството. Архимандритот Партениј развива широка јавна дејност, организира концерти и предавања во областа на културното наследство и хуманитарните вредности не само во регионот на Бигорски манастир, но и во Македонија, Бугарија, Грција и регионот. На овој начин тој придонесува за зајакнување на европскиот дух и вредности на луѓето во регионот. Преку своите активности, архимандрит Партениј охрабрува надминување на внатрешните поделби меѓу граѓаните на Македонија, како и подобра интеграција со граѓаните на соседните држави.

Во 2017 година архимандритот Партениј и монашкото братство на Бигорски манастир, решително го поддржаа потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, благодарение на кој се надминаа бројни отворени прашања меѓу двете земји и се надминаа проблеми, трупани со децении. Во овој критичен историски момент архимандрит Партениј и монашкото братство имаа храброст и покрај негативната атмосфера во земјата тогаш, да ја наметнат вистината, пораките за добрососедство, европска соработка и поддршката за потпишаниот Договор. Благодарение на силниот авторитет меѓу граѓаните на Република Македонија, архимандрит Партениј успеа да влијае на јавното мислење во корист на Договорот. Тој јавно ја зазеде непопуларната позиција дека „текстот е во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без штета, потценување и занемарување на едната или другата страна. Интеграцијата во ЕУ е единствениот начин да се надминат поделбите и да се врати рамнотежата во регионот.

Како и секоја година лауреатите ќе добијат почесни медали на официјална церемонија во есента во Софија, организирана од страна на Бирото на Европскиот парламент во Бугарија. Подоцна во текот на годината тие ќе учествуваат и во Паневропскиот церемонија, посветена на Граѓанската награда на Европскиот парламент, која ќе се одржи во Брисел.

Од 2008 година, Европскиот парламент ја доделува наградата на граѓани и организации кои придонеле за промовирање на подоброто меѓусебно разбирање и поблиска интеграција меѓу граѓаните на ЕУ или за олеснување на прекуграничната и транснационална соработка во ЕУ. Таа е во форма на почесен медал и има симболичен израз. Жири на национално и европско ниво ја подготви селекцијата од 50-те лауреати од целата Европска унија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO