Вчера на сцената на Македонскиот народен театар за првпат беше одиграна пиесата „Железниот светилник“ според истоимениот роман на Димитар Талев.

Родениот пред 120 години во Прилеп, како Димитар Палисламов е меѓу најзначајните и најомилените бугарски писатели. Поставувањето на неговите дела во неговата родна Македонија, по повеќе од полувековна забрана е навистина значаен настан. Очигледно Договорот за пријателство и соработка започнува да дава плодови.

Во многу македонски средства се јавно информирање, како Курир, Република online, A1on.mk, vesnik.com, vecer.mk … се појавија прекрасни рецензии за големиот прилепчанец.

„Оние кои го читале знаат дека тежината на неговите дела не се мери само во напишаните зборови туку и во емоциите кои тој така умешно ги постила низ редовите. Отворајќи ја својата душа и предавајќи ја целата своја креативна енергија, Талев остава зад себе дела со неизмерна големина, неодминливост и трајност. Неговото трпеливо испитување и бележење на настаните кројат бурни приказни за едно време и едни судбини кои тој успешно ги оживува преку зборовите и прави истите до денес живо да пулсираат и греат. Помеѓу другото, Талев е доживеан и како писателот кој во ,,Железниот светилник’’ преку измислениот град Преспа во кој се одвива дејството неповторливо и со неизмерна љубов го опишува својот роден град Прилеп како никој дотогаш.“

Но, сите тие истурија лажица катран во кацата со мед! Лансираа една манипулација која тотално ја збркува нашата претстава за авторот на тетралогијата „Железниот светилник“, „Преспанските камбани“, „Илинден“ и „Гласовите ви ги слушам“, како и за времињата кои тој ги опишува. Талев беше определен како „дводомен“!

Под овој поим не се разбира не дека тоjпоседувал во повеќе од една куќа, туку концептот дека тој припаѓал на две различни култури! За секој кој ја знае биографијата на писателот и кој ја читал тетралогијата, станува јасно дека Талев не е ʺдводоменʺ. Тој го посветува својот живот и креативност во борба за зачувување на духовното и културното единство на својот „дом“, на својата култура, на својот народ!

Димитар Палисламов израснува во неговиот роден град Прилеп, завршува гимназија во Битола, студира во Загреб и Виена, но се враќа во центарот на својот културен „дом“, во бугарската престолнина. Во 1927 година е привлечен како коректор во весникот „Македонија“, кој се оформува како орган на т.н. „десно“ крило на македонското движење предводено од Ванчо Михајлов. Тоа се луѓето кои до крај опстојуваат на бугарскиот карактер на основното население во Македонија. Кога поголемиот дел од Македонија е де факто присоединета кон Бугарија во 1941 година, Талев не ја крие својата среќа! Тој престојува неколку месеци во својот роден Прилеп, иако главно живее во главниот град. Но од текот на Втората светска војна наскоро станува јасно дека обединувањето на Македонија и Бугарија е привремено! Претстои нова поделба – можеби за многу долг период.

Македонските интелектуалци реагираат на различен начин на судбината, која е предопределена многу далеку од Скопје. Некои се обидуваат преку „кодификација“ на македонскиот јазик да зачуват колку што може повеќе од автентичните бугарски елементи на нивниот јазик и култура. Димитар Талев не е еден од нив. Тој се зафаќа со титанските усилија за да ги опише драматичните настани на крајот на литературен бугарски јазик. Така, Бугарија и Македонија ќе останат заедно, иако само во литературата!

По советската окупација на Бугарија, тезата дека Македонците не се дел од бугарскиот народ, туку еден од југословенските народи е наложена не само во југословенска Македонија, но и во Бугарија. Талев има храброст да се спротивстави и беше прогласен за „великобугарски шовинист“. Талентираниот писател поминал неколку години во Софискиот затвор, во концентрациониот логор „Куцијан“ и во „трудово-поправната населба“ во Бобовдол. Неговото здравје се урива и тој е на чекор на смртта кога во 1948 година е ослободен, но со своето семејство е иселен во малиот град Луковит. Таму тоj ги напишал првите три романи од тетралогијата. Раскажува за семејството на Стојан и Султана Глаушеви, кои се ожениле во темните времиња на 30-тите години на 19 век. Дејствието продолжува за време на борбите за бугарски цркви и училишта. На брилијантен начин Талев раскажува како Бугарите од етничка група, која знае за себе само дека не се Грци, Турци, или Власи, се претвораат во народ кој сака сам да ја искова својата судбина! Следува еуфоријата од потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор и шокот и ужасот од решенијата на Берлинскиот конгрес, кои ја оставаат Македонија во рамките на Османлиската империја со едни голи ветувања за реформи.

Како и многу други семејства, Глаушеви исто така се разделуваат физички. Едниот син на Стојан и Султана, Кочо и неговото семејство се преселуваат во слободна Софија. Другиот син, Лазар – трогнат од зборовите на неговата мајка дека во Преспа ќе останат само нивните гробови, одлучува да остане! Семејството на Кочо придонесува за градењето на современа Бугарија. Лазар се среќава со Даме Груев и се приклучува на револуционерната борба. Талев вистински ја опишува револуционерната организација. Таа, беспорно е етнички бугарска, но коjасе повеќе разбира дека македонските Бугари не треба да чекаат на спасение од „Горе“, туку да се потпрат на себе! Не историскиот Гоце Делчев, а неговиот литературен лик во „Илинден“ ги изрекува знаменитите зборови дека кој работи за интересите на Србија, Грција, или Бугарија, може да е добар Србин, Грк или Бугарин, но не и добар Македонец.

Талев го претставува справедливо Илинденското востание како кулминација на Бугарската преродба, но исто така и како почетна фаза во настаните што доведуваат до раскинување на бугарскиот народ. Го опишува со болка почетокот на отуѓувањето на Македонците од Бугарија и појавата на нови пропаганди. Паралелно со старата грчка пропаганда се појавува и нова-српската. Еден од хероите на ʺИлинденʺ повторува, дека Србите ќе дојдат во Преспа и дека народот всушност бил Српски …

Во крајот 50-ти години на 20 век, Бугарија ја сменува својата политика за Македонското прашање. Талев е рехабилитиран, неговите романи се објавени и стануват омилено четиво на неколку поколенија Бугари.

По 1991 година, „Железниот светилник“ и „Илинден“ се публикувани во Македонија на македонски јазик. Синот и внукот на Талев не беа задоволени од овоjнастан. Според синот на Талев, Бранислав, неговиот татко реагирал остро на создавањето на македонскиот јазик! Внукот на Талев, Климент директно ги обвини македонските издавачи за фалсификат!

Според мое скромно мнение, творештвото на Талев треба да стане достапно и за оние денешни Македонци кои се соочуваат со тешкотии да го прочитаат во оригинал. Не само за да уживаат на неговиот гениј, но и за да ја разберат и почувствуваат драмата при која еден народ бил разделен, за да се формираат век подоцна два народа.

Креативноста на Талев припаѓа и на двата народа, но тој не е „дводомен“, бидејќи во времето кога бил формиран како личност сеуште имало само еден народ! Разместувањето на тектонските геополитички плочки, кои ги поделиле потомците на Кочо и Лазар се покажуваат помоќни дури од талентот на Димитар Талев, на Александар Балабанов, на Љубомир Милетиќ и на безброј други интелектуалци кои очајно се бореле за зачувување на единството на тогашниот бугарски народ .

Денес луѓето од двете страни на Осогово се доста различни од нивните предци од пред 100 години. Логично е тие денес да се разликуваат и еден од друг. Но, ако сакаме да изградиме искрено пријателство, треба да го разбереме духот на нашите заеднички предци. Претставувањето на ʺЖелезниот светилникʺ во Скопје и други македонски градови е важен чекор во таа насока.. Но внушувањата дека Талев (и безброј други негови сонародници) бил „дводоменʺ, не помага ниту за неговото разбирање, ниту за искреното пријателство!

––––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

 

 

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO