Билатералната соработка, но и состојбата на Западниот Балкан, ќе бидат темите за кои ќе разговараат на министрите за надворешни работи на Русија и Грција, Сергеј Лавров и Никос Коѕијас на нивната утрешна средба во Москва, предаде МИА од Атина.

Според соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕијас, кој денеска ќе отпатува во посета на Москва, ќе се сретне и со рускиот патријарх Кирил, а ќе биде прогласен и за почесен доктор на државниот Универзитет за меѓународни односи.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO