Екипата на Пари Сен Жермен планира да се обиде да го привлече полудефанзивецот на Челзи Н’Голо Канте во во летниот трансферен прозорец, при што ПСЖ се подготвени да платат 70 милиони фунти за францускиот репрезентативец, соопштува Дејли Мејл.

27-годишниот Канте беше со главна заслуга за изненадната титула на Лестер Сити во 2016-та година, откако премина во Челзи за 30 милиони и стана еден од најцсолидните играчи на „сините“. Според информациите спортскиот директор на француските шампиони Антеро Енрике веќе се поврзал со агентот на Канте – Карим Дуас за евентуален трансфер на фудбалерот на „Парк де Пренс“. ПСЖ сепак ќе мора да се избори со конкуренцијата на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд за потписот на Канте, смета Дејли Меил.

Играчот од средниот ред на Челзи моментно е на камп со францускиот национален тим пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO